Подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ остави топка, пикадо и опрема за пинг-понг пред министерството на Груби

од Nikola Popovski
178 прегледи

Членови на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ денеска оставија неколку „реквизити за антистрес терапија“ пред Министерството за политички систем и односи со заедниците, раководено од првиот вицепремиер и министер Артан Груби.

Активистите на УМС при ВМРО-ДПМНЕ оставија сет за пинг-понг составен од топчиња и палци, пикадо и топка пред зградата на Министерството.

-Вицепремиерската функција и успешното водење на најважното министерство во државата бараат големи напори и вистинска жртва. Многупати, оваа жртва во интерес на граѓаните се манифестира преку појава на нервоза и стрес. Сериозно сме загрижени за овие појави кај премиерот, простете, првиот вицепремиер, господинот Артан Груби. Сигурни сме дека макотрпната работа во интерес на народот и двоењето од својот џеб влијаат на неговото здравје и токму поради тоа упатуваме поддршка и нудиме помош, порачаа од УМС.

Ваквата реакција следува после бурата во јавноста околу играњето фудбал и кошарка во кабинетот на Груби. Првиот вицепремиер заедно со останатите колеги-министри кои доаѓаат од ДУИ, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини, решиле да се опуштат после работното време, како што рече пред неколку дена Груби.

-Не беше во работно време, но и да беше. Не гледам ништо неморално и неетички, едноставно шутирваме, си игравме малку фудбал, пет минути, и баскет. Зошто да не играме внатре? На мало голче игравме фудбал, во тоа не гледаме ништо спорно, објасни Груби.

Слични содржини