Подморницата испратила итен сигнал за помош! Откриени нови детали од интензивната потрага

од Stefanija Kuzmanovska
677 прегледи

Подморницата со пет патници која исчезна во Атлантикот на пат кон потонатиот брод Титаник испратила сигнал за помош, утврдиле експертите.

Од подморницата Титан бил испратен сигнал за помош, но времето на комуникација се уште не е познато.

Д-р Сајмон Боксал од Универзитетот во Саутемптон рече дека има значајни информации кои сугерираат дека подморницата побарала помош, но дека комуникацијата била исклучително ограничена во тие услови.

„Не можете да користите радио под вода. Она што го имаат е навистина ограничена комуникација. Пристигна итен повик дека подморницата е во неволја. Не знам дали е автоматски генерирана или е генерирана од луѓето на бродот“, рече тој.

OceanGate Expeditions, која управува со исчезнатата подморница Титан, не објави никакви информации јавно од вчера попладне кога соопшти дека фокусот бил на лицата во бродот и нивните семејства.

Во соопштението, компанијата рече дека ги „истражува и мобилизира сите опции“ за безбедно да ги врати патниците.

Подморницата исчезнала вчера, а во неа имало пет лица. Меѓу нив се британскиот милијардер Хамиш Хардинг, еден од најбогатите луѓе во Пакистан Шахзада Давуд (48) и неговиот син Сулејман Давуд (19).

Подморницата е направена од јаглеродни влакна со дебелина од 12 сантиметри, на врвот со титаниумска купола на секој крај. За да се движат, подморниците „Титан“ се потпираат на пораките од матичниот брод, кој го дал правецот на движење.

Спасувачите објавија дека подморницата можела да се заглави во остатоците од Титаник, кој е на околу 600 километри од Њуфаундленд, Канада. Исто така, тие стравуваат дека пловилото е премногу длабоко за да се спаси подморницата со нејзиниот екипаж и дека единствен начин да се спаси е да се користи возило на далечински управувач. Подморницата комуницира со матичниот брод со испраќање „пинг“ на секои 15 минути.

Билетот за оваа осумдневна авантура чинел околу 250.000 евра по лице, а екипажот, кој тргнал во неделата околу 4 часот наутро, ја изгубил комуникацијата со матичниот брод на подморницата „Polar Prince“ на час и 45 минути по двочасовното спуштање. Екипажот има кислород до 12 часот во четврток.

Слични содржини