Поднесе оставка обвинителката што времено беше поставена на местото на Хајрулахи

од Nikola Popovski
67 прегледи

Советот на јавни обвинители на денешната седница, под точка разно ќе треба да ја разгледа и да ја констатира писмената оставка на обвинителката Наташа Крстевска-Цалева.

По предлог на државниот обвинител Љупчо Коцевски пред една недела беше избрана за в.д. шефица на скопското Вишо јавно обвинителство, што предизвика бурни реакции за незаконитоста на одлуката на Коцевски.

Токму ова беше основа и за покренување постапка на Владата за разрешување на Коцевски. Доскорешниот прв човек на ова обвинителство, Мустафа Хајрулахи беше суспендиран заради предистрага за наводен мобинг кон свои колеги обвинители. Тој тврди дека е жртва на притисок од обвинителот Коцевски поради случајот со хонорарите во поранешното Специјално јавно обвинителство.

И двете истраги сè уште немаат разрешница. На дневен ред на седницата на советот се изборите на јавни обвинители во прилепското и во гевгелиското обвинителство.

По завршувањето на дисциплинската постапка против Хајрулахи ќе се знае епилогот, дали ќе се оди на избор на нов шеф на скопското Вишо обвинителство или Хајрулахи ќе се врати.

Во предлогот за Крстевска Цалева стоеше дека е обвинителка со интегритет, без забелешки на нејзината работа, а била и неодамна избрана да работи во Вишото обвинителство.

Слични содржини