Поднесен обвинителен акт за Ангел С., поранешниот телохранител на Мицкоски

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, покренало обвинение за оддавање службена тајна против Ангел С., кој беше дел од личното обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, пренесе БИРН.

Обвинението е поднесено на 12 јуни.

Постапката ја водела обвинителката Ивана Трајчева, од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.