Поднесен обвинителен акт за изнудување мито од Авто испитниот центар, од таму ги негираат наводите

560 прегледи

Денес до Јавното обвинителство, кандидатка која полагала за возачки испит поднесе обвинителен акт. Имено, пред камерите на Алсат, таа вели дека е жртва на организирана коруптивна група.

Според првичните информации, се вели дека директорот на Испитниот Центар во Скопје има автошкола, преку која пак се креира шемата за мито и оштетената вели дека биле земани од 200 до 300 евра за полагање на градскиот возачки испит.

„Го поминувам целиот овој ужас само поради фактот што при изборот на авто-школата не отидов во Селика каде добивањето дозволи се прави со претходен договор. Тоа се прави со сопственичката на авто-школата Селика, која е сопруга на сегашниот претседател на Испитниот центар и во директен разговор со неа ми вели дека нашите кандидати кои доаѓаат кај нас го положуваат испитот со 2-3 пати кои се пријавуваат за градска, додека другите кандидати треба да полагаат по неколку пати, дури и го повторуваат испитот за да го полнат буџетот на овој центар, кој е приватен“, вели оштетената за Алсат.

И додека Алсат пренесе дека Испитниот центар не сака да зборува пред камери, и само ги негира наводите, „Слободен печат“ пренесе допис кој пристигнал од таму.

„Бројот на полагањата зависи од квалитетот на обуката и покажаното знаење од страна на кандидатите за време на спроведување на возачкиот испит кој се спроведува спроред законот за безбедност во сообраќајот, правилникот за проверка на знаењето на кандидатите за возачи и оценувачките листи објавени во Сл.Весник на РСМ“, се вели во дописот кој го пренесе „Слободен печат“.

Слични содржини