Поднесени кривични пријави за петмина македонски и еден британски државјанин за лажни ПЦР тестови

356 прегледи

Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против петмина македонски, како и еден британски државјанин кои прикажале лажни негативни ПЦР тестови на „Меѓународниот аеродром“, Скопје.

„Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Е.Д.(22) од Р.Турција, Н.Р.(48) и Е.Р.(34), двајцата од с.Неготино, гостиварско, Р.А.(22) од с.Пласница, општина Македонски Брод, Н.Б.(67) од Кичево, С.Б.(22), државјанин на Р.Северна Македонија и В.Б.(37) државјанин на Велика Британија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, посочија од МВР.

Од Министерството информираат дека тие во периодот од 16 февруари до 27 февруари 2021 година во Полициската станица за Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.

Слични содржини