Јавното обвинителство во Бразил се сврте кон Федералниот Врховен суд со барање да поднесе обвиненија за корупција на претседателот на земјата Мишел Темер, пренесува телевизискиот канал “Глобо”. Поради овој потег можна оставка од шефот на државата.
Согласно бразилското законодавство, шефот на државата го поседува делумен имунитет од судско гонење. Затоа, само Федералниот Врховен суд може да му подигне обвинение. Освен тоа највисоката судска инстанца е обврзана да добие дозвола од парламентот за соодветните активности, како иницијатива за покренување на обвиненија треба да биде поддржана од најмалку две третини од пратениците во Долниот дом на парламентот.
Во таков случај тој може да биде отстранет од функција во рок од 180 денови.
Едно од обвиненијата е дека Темер примал поткупи.
Пратеници од владејачката коалиција сметаат дека ќе соберат доволно гласови за да не дозволат обвинението да биде одобрено и претседателот да се најде пред суд.