166
Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Зеленски, денеска ја критикуваше Кина затоа што се „обложува на агресорот“, по повеќекратните повици на Пекинг за политичко решение на украинската војна.
„Ако тврдите дека сте светски играч, не нудете нереални планови. Не се обложувајте на агресор кој го крши меѓународното право и ќе ја изгуби оваа војна“, напиша Подољак на Твитер.
Во петокот Кина презентираше документ во кој го прикажува својот став за прашањето за Украина.