302
Пријателот се познава во неволја. Не е важно со каква големина е твојата земја, важно е какво е срцето. Многу народи денес ќе покажат повеќе храброст од половина од G20. Како Северна Македонија, која ѝ пружи помош на Украина. Ние никогаш нема да го заборавиме ова, твитна на македонски јазик Михајло Подољак, советник на претседателот на Украина, Владимир Зеленски.
По донацијата на тенкови за Украина, медиумите пишуваа, иако немаше официјална потврда, дека наскоро во Киев би можеле да летаат и четирите воени авиони „сухои“, кои Северна Македонија ги набави од Украина за време на конфликтот во 2001 година.