Подолго работно време за кафеаните, мерките ќе се олабавуваат од 21 јануари

од Берта Китинска
534 прегледи

Од четврток угостителските објекти наместо до 18:00  можно е да работат до 23  часот.

Министерот за економија Бектеши очкеува нивното работно време да биде продолжено до 23 часот, со оглед на тоа што епидемиолошката слика  во изминатиот период е подобрена.

Бектеши истакна дека не се работи за нови протоколи, а до кога ќе биде точно продолжувањето на работното време ќе зависи од Комисијата за заразни болести.

„Имајќи ја предвид ситуацијата, мислам дека ќе биде до 23 часот“, изјави Бектеши

.Министерот за здравство  пре неколку дена изјави дека Комисијата за заразни болести ќе го разгледа барањето на угостителите од 21 јануари да имаат работно време до 23 часот, но тоа ќе зависи од проценката на ситуацијата со вирусот деновиве, рече Филипче

-Од 21 месецов ќе се врати работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, а сите останати мерки остануваат во сила. Согласно со проценката на ситуацијата во текот на деновите до 21 јануари евентуално  може да се разгледа барањето на угостителите за работа до 23:00 часот, изјави Венко Филипче, минситер за здравство.

Забраните за собири на отворено остануваат на сила, а единствено, од следниот четврток, кафеаните, кафулињата и баровите наместо до 18.00 ќе работат до 21 часот.

Слични содржини