Руската култура ќе биде забранета на Крим кога Украина ќе ја врати контролата врз полуостровот, тврди Михајло Подољак, висок помошник на украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Тој рече дека од Крим мора да се искорени се што е руско, а Украина ќе го окупира тој полуостров во рок од седум месеци.
Подољак додаде дека Киев планира да воведе законски казни за сопствениците на руски пасоши и другите, како што наведе, предавници кои живеат во регионот.
„Штом ќе влеземе, мора да искорениме се што е руско на Крим“, истакна Подољак во интервју за РСЕ.
Тој рече дека Крим повторно ќе стане дел од украинскиот културен простор.
Додаде дека украинските сили ќе го вратат полуостровот во рок од седум месеци, тврдејќи дека неговиот став е „математички потврден“ и дека Русија ги нема потребните ресурси за да го задржи регионот.