205
Смртта на водачот на платениците на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, беше предвидлива по неговиот бунт против Кремљ во јуни, изјави во средата вечерта за весникот „Билд“ главниот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Пригожин ја потпиша сопствената смртна пресуда веднаш штом запре на 200 километри од Москва“, изјави Михајло Подољак за германскиот весник.
Пригожин загина во приватен авион во средата вечерта во близина на Москва, точно два месеца по неговиот неуспешен бунт против руското воено раководство.