Подољак: Судбината на Путин и новиот статус на Русија ќе бидат познати во следните 48 часа

од Vladimir Zorba
726 прегледи

Советникот на украинскиот претседател, Володомир Зеленски – Михаило Подољак тврди дека наскоро ќе се знае судбината на рускиот претседател Владимир Путин, во контекст на вооружениот бунт на Евгениј Пригожин, водачот на платеничката војска „Вагнер“.

„Во следните 48 часа ќе биде дефиниран новиот статус на Русија. Или целосна граѓанска војна или договорен трансфер на власта, или привремен одмор пред следната фаза од падот на режимот на Путин“, порача Подољак денеска.

„Сите потенцијални играчи сега бираат на која страна ќе бидат. Молкот на руската елита засега е заглушувачка“, напиша Подољак на Твитер.

Зеленски, од друга страна, во саботата рече дека бунтот на платениците ја покажува „очигледната целосна слабост на Русија“.

„И колку подолго Русија ги чува своите платеници во нашата земја, толку повеќе хаос, болка и проблеми ќе си предизвика подоцна“, рече украинскиот лидер.

Русија веќе 16 месеци води војна против соседна Украина. Платениците на „Вагнер“ беа меѓу најважните сили во ова, но сега тие се свртеа против владата. Тие веќе зазедоа воени магацини и други клучни објекти во Ростов на Дон, на околу стотина километри од украинската граница, најважната руска логистичка точка за војната во таа земја.

Наводно, нешто слично се случува и во Воронеж.

Во саботата во Москва беше прогласена вонредна состојба во страв од доаѓањето на платениците на Пригожин, за кои се вели дека брои околу 25.000 и се добро вооружени.
Путин го нарече востанието на Пригожин и неговата приватна војска „предавство“ и рече дека луѓето кои стојат зад него „ќе ги претрпат последиците“.

Слични содржини