Подуени и нервозни црева: Зошто се случува и како да го решите проблемот?

од Elena Daskalova
617 прегледи

Нервозните црева се чест проблем кој може на многу начини да ви го искомплицира секојдневието. Понекогаш, оваа појава може да биде и навистина болна.

Најчесто е предизвикана од гасовите кои се создаваат од храната како мешунки, кромид и лук, брокули и прокељ. Друга причина може да биде запекот, кој лесно можете да го решите со вклучување храна богата со растителни влакна и со редовно вежбање.

Внимавајте и на голтањето воздух за време на јадењето и секако, избегнувајте газирани пијалаци, особено со нив да ги „подбутнувате“ залаците.

Нетолеранцијата на одредени состојки или видови храна исто така може да предизвика подуеност, запек или дијареја. Поради тоа треба да направите тест за нетолеранција на храна, за да бидете сигурни дека не си создавате самите проблем со намирниците кои ги јадете.

Слични содржини