Подвоеноста во гостиварскиот Совет се продлабочува, откажана седницата за буџетот

од desk4
75 прегледи

Седницата на Советот на општина Гостивар на која требаше да се расправа за буџетот за идната година, не се одржа. Советниците кои припаѓаат на опозицијата, предупредуваат дека одлужувањето на носењето на буџетот може да предизвика сериозни последици во функционирањето на локаланта самоуправа

Советниците кои во Советот на општина Гостивар не претставуваат мнозинство, (Алијансата за Албанците, Движењето Беса, ВМРО-ДПМНЕ, ТДП и ДНЕТ) денеска на прес-конфренција го искажаа ставот за неодржувањето на седницата.

– Денешната седница не се одржа затоа што немаше кворум. Ние, како што гледате, со оглед на важноста на точката на дневниот ред за оваа седница, се одѕвавме на повикот. Иако ја свика седницата, претседателот на Советот Насир Муслиу не дојде, исто како и советници од редовите на ДУИ, СДСМ, партијата на Весел Мемеди и Демократскиот Сојуз на Ромите. Граѓаните не го заслужуваат ова занемарување и понижување што им ги прават одредени структури, рече членот на Советот Њомза Шаќири на прес конференцијата.

Таа нагласи дека претходно имало договор помеѓу градоначалникот и претседателот на Советот за да се расправа по Предлог-буџетот на Општина Гостивар и за тоа биле подготвени потребните материјали за седницата.

Шаќири потенцираше дека неспроведувањето на овој договор ќе се одрази со голем број пречки во функционирањето на општина Гостивар, меѓу другото, со неизвршување на инвестиции, вработувања и слично.

Претседателот на Советот на општина Гостивар Насир Муслиу тврди дека седницата не ја закажал, нагласувајќи дека за нејзиното одржување потребно е да се направат подготвки.

– На 25 декември имавме седница на која расправаваме за платите на наставниците и решението за избор на претседател на Советот беше објавена во службен гласник токму тој ден. Тоа е услов за да може да се свикува седница, што значи условот беше исполнет на 25 декември, а не претходно. Да се свика седница и да се расправа за една толку важна точка како што е буџетот за два дена, не е можно. Потребно е повеќе време. Од 25-ти немавме време да свикаме седница за расправа за буџетот и тоа го оставивме за после празниците. Законски, буџетот треба да се усови 31 март и има доволно време. Во секој случај, ние нема чекаме краен рок, туку седница за буџетот ќе свикаме после празниците, изјави Муслиу.

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари претходно најави дека доколку не биде донесен буџетот за 2018 година, преку Министерство за финансии ќе се бара привремено финансирање, а доколку се пробијат сите рокови ќе се разгледува можноста за нови избори за советници.