Поединец во АНБ дал согласност за државјанството на Онишченко без да ги консултира партнерите во НАТО

од Nikola Popovski
183 прегледи

Директорот на Агенција за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски попладнево информира дека безбедносните проверки за добивање на државјанство се прават согласно предвидените НАТО стандарди и за секоја проверка пред финалното одобрување, потребни се потписи од 10 припадници на АНБ.

За случајот со контроверзниот Украинец, Олександар Онишченко вели дека сите нивоа се завршени, освен последното ниво кое требало да направи меѓународна консултација со партнерите во рамките на НАТО, направило одобрение, но потпишало дека не постои безбедносен ризик, без да ја направи консултацијата со партнерите.

-Во АНБ преземени се неколку мерки бидејќи е лоциран поединецот кој што го ставил потписот, за утврдување на одговорноста. Ипситуваме дали се работи за изолиран случај или некој друг предмет. Не сакаме заради ваков предмет, она што е сторено со макотрпна работа во изминатите три години, да се повтори лошата слика за делувањето на АНБ во претходните 15 години. Лицето и евентуално инволвирани во случајот ќе подложат на законски мерки. Во зависност ќе видиме со каква одговорност ќе заврши. Сега треба да се утврди дали се работи за пропуст, намера или лукративен интерес. Ќе го откриеме тоа и нема да застанеме, додаде Димовски по прекинот на седницата на собраниската Комисија на која реферираше за давањето држајванство на Украинецот.

Слични содржини