Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Македонски Брод. На 6 јуни, во 12 часот, пред љубителите на литературата во Македонски Брод, ќе настапат 20  истакнати автори, членови на македонската писателска асоцијација.

knigi

Во рамките на годинашниот циклус поетскиот караван на ДПМ гостуваше во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип. Тетово, општина Илинден, а настапи и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

Покрај договорената соработка за оваа манифестација со библиотеките во Гевгелија, Куманово и Велес, со Домот на културата „Иван Мазов“ во Кавадарци, со литературните манифестации „Караманови средби“ во Радовиш и „Ганеви денови“ во Кожле, поетите ќе го продолжат караванот и во Струмица,  Лазарополе, Демир Хисар и Крушево. Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ во рамките на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, денот на раѓањето на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.

Циклусот од 17 поетски каравани за 2015 година, Друштвото на писателите на Македонија го реализира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Во оваа манифестација ќе земат учество 80 поети од сите генерации.

Слични содржини