Охридските хотели во периодот кој следува ќе ги намалат цените за жителите на Скопје, Тетово и Гостивар како градови со најзагаден воздух во Македонија. Иницијативата на која се потпишани поголем дел од хотелите во градот, има за цел да овозможи барем неколку дена овие луѓе да подишат чист воздух кој што Охрид го нуди, велат хотелиерите.

„За гостите од Скопје, Тетово, Гостивар кои живеат таму и имаат лични карти од тие градови можат да престојуваат во текот на јануари и февруари за цена од 990 денари. Таа цена е 50% е пониска од чинењето на нормалната цена. На луѓето им нудиме нешто невообичаено, пониска цена за помалку пари да дојдат и да дишат чист воздух“. – изјави Перо Кутаноски, менаџер на хотел Гранит
Кутаноски се надева дека ќе има интерес бидејки станува збор за аранжмани на база на полупансиони. За локалните власти во Охрид политиката на намалување на цените е добар чекор на соработка со локалната бизнис заедница, но и за привлекување на повеќе гости во Охрид.
„За сите гости од тие градови да можат да дојдат во Охрид по намалени целни и на таков начин Охрид да покаже една гостопримливост која секако ја имаме како град и тие ја имаат како угостители. Меѓутоа во овој случај да се даде и малку хуманитарен аспект“. – вели Јован Стојаноски, градоначалник на Охрид
Скопје изминатите денови беше најзагаден град во светски рамки, но не подобра беше ситуацијата и во Тетово, но и во уште неколку други македонски градови./Alsat M