Поевтино е зимава да се грееме со струја оти ако се грееме со сè што е можно, ќе ги загадуваме нашите деца, вели Нуредини

од Берта Китинска
185 прегледи

Граѓаните да не употребуваат штетни материјали за греење за да се избегне загадувањето на воздухот, упати апел Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

-Тоа не значи дека сите имаме потреба да грееме со сè што е можно, бараме сите граѓани да бидеме поефикасни да ја сочуваме енергијата. Поевтино е да се грееме со струја уште од палети и др. Но, тоа значи ако ние употребиме биомаса за греење да се грижиме кој квалитет е тоа и да не палиме сè што е можно. Мислам дека сме свесни и ќе се грижиме за нашата околина. Ако ние се грееме со сè што е можно тоа значи дека ние ќе ги загадуваме нашите деца и фамилии, изјави Насер Нуредини.

Тој потсети дека централната власт со повеќе мерки и активноси се обидела да влијае врз намалување на загадувањето.

-Што сме направиле ние досега. Ние претходно сме давале субвенции за инвертери итн., но ние имаме сега Закон за амбиентален воздух кој вели дека општините заедно со централната власта треба да презема мерки ако има поголеми загадувања во тие општините. Тоа е реалност, ние за жал сме во енергетска криза не само во државата, туку и во цела Европа, рече Нуредини од тетовско Камењане, истакна Нуредини од тетовско Камењане каде беше по повод завршување на реконструкцијата на водоводот.

Слични содржини