Поевтинуваат горивата

од desk3
81 прегледи

 

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два, односно денар и половина, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за 0,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

benzin-340x255

Литар Еуросупер БС 95, чија цена се намалува за два денара, ќе се продава за 61 денар, а Еуросупер БЦ 98, каде намалувањето е 1,5 денари, ќе чини 63 денари. Новата цена на Еуродизелот е 49 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 37,50 денари. За 1,125 денари поскапува килограм мазут М – 1 НС и ќе чини 22,913 денари.

РКЕ изврши корекција на цената на нафтените деривати врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и курсот на доларот.

Намалувањето на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 1,41 процент, односно за 0,81 процент/МИА