Поевтинуваат кашкавалот, сирењето, урдата…

од Берта Китинска
245 прегледи

Владата донесе Одлука за дополнување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со што, по предлог на Министерството за економија, се замрзнува маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт. За овие производи се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и трговијата на мало.

-При редовна контрола на Државниот пазарен инспекторат во трговијата на мало и трговијата на големо, според Информацијата од Министерството за економија, укажано е на потребата од интервенција кај наведните стоки, поради растот на нивните цени. Како што е познато, од 14 јуни 2022 година, утврдено е замрзнување на маржите на основните прехранбени производи: леб (бел), шеќер (бел), сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), брашно од пченица (тип 400 и тип 500), макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2.8 проценти, 3.2 процента и 3.5 проценти, со трговска маржа со важност до 31 декември 2022 година, наведува Владата.

Слични содржини