157
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска верува дека и во редовите на опозициските партии ќе преовладее разумот и ќе гласаа за уставните измени во Собранието.
-Се надевам дека ќе преовладее разумот бидејќи тие не се гласани од самите себе, туку од граѓаните што сакаат да видат државата во ЕУ. И ние како Влада имаме обврска, како некој што е гласан од народот, за да одлучуваме во нивно име што е најдобро. Се надевам и дека опозицијата ќе се свести и дека со овие чекори што ги прават во последно време, не прават никому добро, па ни самите себе, порача Костадиновска-Стојчевска во гостувањето на емисијата „Трилинг“.
Според неа, има позитивна енергија на скрининг состаноците во Брисел и сме пофалени за нашиот напредок.