Пол Погба, играчот од средниот ред на Јувентус и светски шампион со Франција во 2018 година, неодамна беше суспендиран на четири години поради користење недозволени супстанци. Бидејќи Погба ќе наполни 31 година за две недели, долгата суспензија речиси сигурно ќе значи крај на неговата кариера.
Сепак, медиумите во Италија пишуваат дека Погба добил понуда од Русија да игра во фудбалската лига на познати личности. Тој беше поканет од тимот на Брок Бојс кој се натпреварува во Медиа фудбалската лига. Станува збор за проект создаден во 2022 година, а во тимовите учествуваат познати личности, актери, спортисти и пејачи.
Спортскиот директор Артјом Чатјатурјан изјави дека контактирал со менаџерот на Погба, Рафаела Пименто. Погба добил понуда од 1.500 евра месечно, но и некои бонуси. Се чека одговорот на францускиот ас.
Погба целата своја професионална кариера ја помина во два клуба, а иако е Французин, ниту еден од нив не е од неговата татковина. Тој се приклучи на академијата на Манчестер Јунајтед во 2009 година како 16-годишник од Авр. Три години подоцна тој се пресели во Јувентус без обештетување. По четири години, летото 2016 година, тој се врати во Јунајтед со отштета од 105 милиони евра, со што стана најскапиот играч во историјата во тоа време.
После шест години, Погба повторно без обештетување го замени Манчестер со Торино во 2022 година. Во вториот мандат за Јувентус одигра само 12 натпревари поради повреда и допинг.