Погба: Фудбалот е нешто што ми беше одземено

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Светскиот шампион со Франција, Пол Погба се појави во Париз на премиерата на филмот на Фабиен Онтениенте „Четирите нули“, во кој глуми како актер. Тој објасни како дошол до својата нова улога во животот.

„Режисерот и јас имаме заеднички пријатели. Тој сакаше позната личност за неговиот филм. Ме праша, имав слободно време и слично. Тоа се случи случајно. Можеби ако играв фудбал, тој немаше да помисли на мене. Но јас сум актер во животот, всушност, сите сме такви на наш начин“, изјави Погба за весникот „Екип“.

„Фудбалот е нешто што ми беше одземено. Не е готово. Тоа е црешово топче кое ми беше одземено пред да го изедам, иако не направив ништо. Амбициозен сум, не можам да дочекам да се вратам на теренот, ова е моето работно место“, изјави Пол Погба, кому му е намалена казната за позитивен допинг тест од четири години на 18 месеци.

Се очекува тој да се врати на терените на крајот на ноември на хуманитарен натпревар, а во март да му бидат вратени правата. Веќе се шпекулира дека Олимпик Марсеј е во преговори со поранешниот француски репрезентативец.

Слични содржини