Погба има нов клуб, се согласил на далеку помали примања отколку во Манчестер

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Пол Погба во недела за последен пат ќе го облече дресот на Манчестер Јунајтед, по што ќе следи ново заминување од Олд Трафорд. Французинот повторно оди во веќе познат клуб.

По Ерлинг Халанд, кој стана член на Манчестер Сити, во Европа експлодира нова „трансфер бомба“. Пол Погба и официјално се враќа во Јувентус. Така барем тврди угледната „Газета дело спорт“.

Французинот пристигнува во Торино како слободен играч. Договорот беше потпишан на три години. Пол Погба во Јувентус ќе заработува 7,5 милиони евра годишно, но со бонуси таа „цифра“ би можела да порасне и до 10 милиони евра годишно. Тоа е 8 милиони евра помалку отколку што заработуваше на „Олд Трафорд“.

Пол Погба веќе го носеше дресот на Јувентус и тоа беше најдобриот дел од неговата кариера. Со „старата дама“ освои четири скудета и два италијански Суперкупа. Целта на Французинот е да се врати во формата која го красеше тогаш во Италија и максимално подготвен да го дочека претстојниот Мундијал во Катар.

Францускиот играч за врска не се прослави во вториот мандат во Манчестер Јунајтед. За „црвените ѓаволи“ постигна 39 гола на 233 натпревари и асистираше на 51, додека за „старата дама“ беше стрелец 34 пати на 178 натпревари, а 40 пати асистент.

Исто така, пред портите на Торино е Анхел Ди Марија. Аргентинецот треба да пристигне и на „Алијанц“ стадионот како слободен играч.

Слични содржини