Погба ја прокоментира веста за несогласување меѓу него и Солскјаер

од Берта Китинска

Пол Погба ги опиша претходните информации за конфликт меѓу него и менаџерот на тимот Оле Гунар Солскјаер како „лажни вести“. Французинот на својот Твитер профил објави скриншот од написот на „The Sun“, според кој одбил да разговара со Норвежанецот по тешкиот пораз од Ливерпул, по што престанал да зборува за неговиот нов договор.
Погба на фотографијата стави печат „лажни вести“ со наслов, а како коментар додаде дека тоа се „големи лаги“ кои се користени само за измислување наслови од висок профил.

Актуелниот договор на Погба со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од сезоната, што значи дека следното лето може да си замине како слободен играч доколку не се договори со клубот за нов договор.

Солскјаер го остави Погба на клупата на стартот на последните два натпревари за Манчестер Јунајтед. Против Ливерпул влезе во игра на почеток на второто полувреме, но само 14 минути подоцна го напушти теренот откако доби директен црвен картон поради грубото влегување во нозете на Наби Кеита, кого го повреди.

Слични содржини