Францускиот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба е чекор поблиску до трансфер во ПСЖ, откако одржал официјален состанок со спортскиот директор на парижаните, Леонардо, објавија западни медиуми.
Фудбалерот од средниот ред има договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната и се очекува да замине на лето во насока на нов предизвик.
Пред околу една недела, „Манчестер Ивнинг Њуз“ објави дека францускиот тим веќе ја дал својата прва официјална понуда со конкретни параметри за плата за идниот договор на играчот, но таа е пониска од онаа на неговиот сегашен тим.
Сепак, ПСЖ очигледно ја продолжува својата постепена офанзива против Погба и се обидува да го убеди да се приклучи на нивниот проект.
Манчестер Јунајтед се уште има големи надежи дека можеби ќе реши да остане на „Олд Трафорд“ доколку не се договори со тимот од француската престолнина.