Погба патува со Јунајтед при посетата на Вотфорд

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Играчот од средниот ред Пол Погба може изненадувачки да се врати во Манчестер Јунајтед при денешната посета на „црвените ѓаволи“ на Ватфорд од 15 часот по македонско време.

Францускиот играч од средниот ред нема играно од септември кога се повреди на глуждот. Менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјер, се осврнува на темата на скоро секоја прес-конференција и изрази големи надежи за неодамнешниот кам-бек, што така и не се случи.

Тој минатиот петок рече дека Погба започнал со тренинзи, но бил болен неколку дена, одложувајќи го повторното појавување во дресот на „црвените ѓаволи“. Сепак, вчера попладне, „Манчестер ивнинг њуз“ изненади со веста дека Французинот е дел од составот што патува на натпреварот со „стршлените“.