Погба се повреди на тренинг

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба се повреди за време на тренинг кампот во САД, пренесе „Газета дело Спорт“.

29-годишниот Французин го напушти теренот со помош на луѓе од медицинскиот штаб на „бјанконерите“.

Погба го повреди десното колено, но според првичните информации повредата не е сериозна.

Французинот најверојатно ќе добие одмор од ден или два пред да продолжи со тренинзите.

Погба летово на слободен трансфер дојде од Манчестер Јунајтед во Јувентус и потпиша четиригодишен договор со клубот.

Слични содржини