Погба се враќа на теренот на крајот на ноември

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Светскиот шампион со Франција Пол Погба, кому казната му е намалена од 4 години на 18 месеци, на теренот ќе се врати на крајот на ноември, учествувајќи на демонстративен меч во Дубаи, објавија организаторите.

Тој ќе игра за „Кралскиот куп“ каде ќе се соочат две екипи составени од поранешни фудбалски легенди.

Така, Погба ќе биде во друштво на Џон Тери, Роберто Карлос, Давид Виља, Мајкл Овен, Маруан Фелаини, Едгар Давидс, Пол Сколс, Тео Волкот, Блез Матуиди и Давид Силва.

Натпреварот меѓу легендите е закажан за 30 ноември на стадионот „Ал Мактун“, а ова е трето издание на мечот на кој поранешните светски шампиони се соочуваат со победниците во Лигата на шампионите.

Според весникот „Дејли Мејл“, тој ќе игра по 15 минути во секое полувреме и ќе носи посебен дрес заедно со Роберто Карлос што значи дека не може да добие жолт или црвен картон и не може да биде во офсајд.

Пол Погба, кој е фудбалер на Јувентус, може да игра на официјални натпревари за својот тим од март 2025 година.

Слични содржини