Погба: Уште не сум готов, имам неверојатна желба да се вратам

Неодамна се појави негово интервју, кое дава впечаток дека Французинот ќе се повлече од спортот по неговата четиригодишна забрана за допинг во февруари, но тој појасни дека тоа не е вистина и дека сака да се врати на теренот.

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Суспендираниот играч од средниот ред на Јувентус, Пол Погба е категоричен дека сè уште нема намера да се откаже.

Неодамна се појави негово интервју, кое дава впечаток дека Французинот ќе се повлече од спортот по неговата четиригодишна забрана за допинг во февруари, но тој појасни дека тоа не е вистина и дека сака да се врати на теренот.

„Ако сте виделе интервју во кое велам дека се повлекувам, тоа не е точно бидејќи се уште се чувствувам како фудбалер. Сакам да се борам против оваа неправда. Неодамна се појави старо и лажно интервју. Сепак, Погба не е готов, Погба е тука. Додека не кажам дека завршив, можете да бидете спокојни. Имам неверојатна желба да се вратам и напорно тренирам. Сè уште сум 100% фудбалер. Се чувствувам како дете кое сака да стане професионалец. Според последните информации се уште сум играч на Јувентус. Имам активен договор, но не сум имал можност да зборувам со директорот или тренерот… се е тивко. Мислам дека го чекаат исходот од жалбата, па мора да ги прашате за ова“, изјави 31-годишниот Погба за „Скај Спорт Италија“.

Слични содржини