Поглаварот Стефан на средба со папата Франциск

од Nikola Popovski
243 прегледи

Архиепископот г.г. Стефан денеска во Ватикан ќе се сретне со папата Франциск. Ова е прва официјална посета на поглаварот на МПЦ-ОА, со поглаварот на Римокатоличката црква.

Поводот е 1155-годишнината од блаженото упокојување на Сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, каде што утре поглаварот на МПЦ ќе отслужи Молебен на неговиот гроб во базиликата „Свети Климент“ („San Clemente“).

Г. г. Стефан, како што соопшти неговиот кабинет, на патувањето е придружуван од митрополитот Европски г. Пимен, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски, професорот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и поранешен македонски амбасадор во Ватикан, проф. Ѓоко Ѓорѓевски, како и од свештенослужители од Скопската епархија. На Молебенот ќе сослужува и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Во текот на посетата,  г. г. Стефан денеска официјално ќе биде примен од Неговата Светост, Папата Франциск. На средбата, како што е наведено во соопштението, ќе присуствува и македонската амбасадорка во Ватикан, Марија Ефремова.

Слични содржини