„Поглед кој убива“: Реакцијата на Анџела Бесет на Оскарите стана хит (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
254 прегледи

Џејми Ли Кертис освои Оскар за најдобра споредна женска улога за филмот „Се, секаде во исто време“.

Целата сала скокна на нозе кога водителките го прочитаа нејзиното име.

Сите ѝ аплаудираа, а мило им беше дури и на колегите кои беа номинирани во истата категорија. Сепак, на една не сосема.

Анџела Бесет беше номинирана во истата категорија за филмот „Black Panther: Wakanda Forever“ и кога сфати дека не добила Оскар, одлучи да не реагира, за разлика од останатите луѓе во публиката. Таа се намурти и не ѝ аплаудираше на колешката.

„Срамота, навистина ме разочара“, „Можеше да се преправа дека е среќна“, „Кога погледот би можел да убие“, се само дел од коментарите на нејзината реакција.

Слични содржини