1,7K
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил сподели фотографии од вежба на струшкото крајбрежје од Охридското езеро од Единицата за брзо распоредување.
-Оперативно-тактичка вежба на струшкото крајбрежје од Охридското езеро, за чие спроведување беа ангажирани Единицата за брзо распоредување, Специјалната антитерористичка единица Тигар и Хеликоптерската единица при МВР.На вежбата низ неколку различни точки се демонстрираа нивните вештини, тактичко-технички способности и високиот степен на неопходна координираност и професионални стандарди за брзо и ефикасно дејствување, напиша министерот.