Според неговата изјава, терминалот е зафатен од пожар, а изгореле четири резервоари со нафтени деривати. На терен интервенираат 29 возила и 97 припадници на службите, вклучително и екипи од руското Министерство за вонредни ситуации.
Кондратјев наведе дека ова е втора ноќ по ред во која Русија е цел на напади во овој регион. Претходната ноќ, со дрон била погодена рафинеријата Афипски, по што избувнал пожар. Станува збор за една од најголемите рафинерии на југот на земјата, која и претходно била мета на дрон-напади, со пожари забележани и во септември и ноември минатата година.
Од Украина наведуваат дека руските енергетски објекти ги сметаат за легитимни воени цели, бидејќи директно го финансираат руското војување. Киев редовно изведува напади длабоко на руска територија со цел да ги ослаби воените капацитети на Кремљ.