Погодена македонската амбасада во Киев при руски ракетен напад

од Nikola Popovski
45 прегледи

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Информираат дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија.

При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.

Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање.

Пред повеќе од две години, тогашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи во рамки на посетата на Украина ја отвори Амбасадата во Киев, која беше привремено затворена заради безбедносни причини, по руската инвазија врз Украина. Со свечено подигнување на знамето од страна на Министерот, Амбасадата отпочна со извршување на своите редовни активности.

Слични содржини