Во однос на Законот за потрошувачи, е усвоен кон крајот на ноември и веќе е во сила, но како и секој закон кој се усвојува има рокови за да се почне да се имплементира и постои надлежните институции кои ги имплементираат тоа законско решение, во случајов Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Во однос на цените рековме дека очекуваме да има намалување на цените од 7 до 12%, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Тој како одговор на прашање поставено од новинарот кој вчера му даде леб и фискална сметка на премиерот Димитар Ковачевски, истакна дека треба да се има во предвид дека 10% од цена од 50 денари е 5 денари намалување, а 7% е уште помалку од 5 денари.
-Затоа кога ќе кажете такви работи, треба на правичен начин да ги информирате граѓаните. Намалување на 10% од 40 денари е 4 денари. Цените не се такви како што вие кажувате, рече Бектеши.
Министерот информира дека залихите во супермаркетите треба да се трошат и после тоа ќе забележиме намалување на цените на основните прехранбени производи.
-Во нивните магазини имаа залихи на производи, и домашни производи кои користат дистрибутер и производи кои се увезуваат во нашата држава. Тие залихи се набавени со различни цени. Новите залихи се набавуваат со други цени кои се пониски од претходните, што значи дека претходните залихи треба да се потрошат. Најверојатно ќе се потрошат оваа недела или на почеток на наредната недела, по што ќе се забележи дека ќе има намалување на цените на тие производи во синџирите на супермаркетите, појасни Бектеши.