Погреб каков што светот нема видено претходно: Секси танц на ковчег (видео)

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи било објавено видео од погреб во Еквадор, кое се шири со молскавична брзина поради бизарната сцена што се случила. Имено, на видеото се гледа помлада жена како игра на ковчегот на починатиот.

Жената, за која се претпоставува дека е девојка или сопруга на починатиот, кој бил убиен минатата недела, седнала на ковчегот и започнала да „тверка“ на звуците на хип-хоп песна.

Присутните ја бодреле, а девојката, се чини, плачела во исто време. Според РТ, сцените биле посоодветни за ноќен клуб отколку за погреб.

Видеото веќе има 11 милиони прегледи, а коментарите на корисниците на социјалните мрежи само се зголемуваат.

Многумина го осудилеваквото однесување, сметајќи го за несоодветно, а други се прашуваат дали тоа е традиција или само начинот на кој девојката ја изразила својата тага.

Слични содржини