Погребана 13-годишната Лаура, најмладата жртва од земјотресот во Петриња

од Nikola Popovski
331 прегледи

Во 14 часот, на гробиштата во Петриња, била погребана Лаура Цвијиќ, 13-годишното девојче кое го загуби животот во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Хрватска во вторникот.

Околу сто луѓе го испратија телото на девојката на градските гробишта, кои и самите беа погодени од разорната катастрофа.

Болката на лицата на собраните не може да се опише. Многумина не успеале да ги задржат солзите.

Лаура Цвијиќ почина на самото место за време на катастрофалниот земјотрес во вторникот, кога беше затрупана под делови од урнатиот објект.

Слични содржини