Погребот на Андреј од „ДНК“ ќе биде утре на градските гробишта „Бутел“

од Nikola Popovski
116 прегледи

Трагично загинатиот пејач на групата „ДНК“, Андреј Ѓоргиески ќе биде погребн утре, 20-ти март на градските гробишта во Бутел. Ваквата информација со јавноста ја сподели сопругата на Андреј, Наталија.

Ковчегот ќе биде изложен во капелата во „Бутел“ во 10 часот.

Утре ќе биде погребот и на уште една членка на „ДНК“, Сара Пројковска.

– Погребот на нашата драга и сакана, непребол, вонреден професор м-р Сара Пројковска ќе биде утре, 20.3.2025, четврток,на гробиштата во Лисиче. Телото ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле во Лисиче од 12 часот, известија од Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Другиот член на дуото, Владимир Блажев – Панчо, како што изјавија од неговото семејството претходно, имал изгореници и е на кислородна поддршка.

Групата настапуваше во дискотеката во која ноќта помеѓу 15 и 16 март избувна пожар во кој досега загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.

Слични содржини