Рускиот носач на авиони “Адмирал Кузнецов” и придружните бродови пристигнаа во источниот дел на Медитеранот, забележува “РБК”.
Авиони можеби ќе учествува во сириската операција на Москва, но политичкиот ефект е уште поважен, сметаат експертите на рускиот весник.

Изданието детално го опишува вооружувањето на крстосувачот и воздушната група на бродот.
Заклучокот гласи дека “Адмирал Кузнецов” има можност да решава голем број борбени задачи, неверојатно да поразува со ракети и подводни објекти.
Весникот сепак потсетува и на публикации во западниот печат, според кои техничката состојба на рускиот воен брод далеку не е идеално.
Иако може да решава широк спектар на задачи, пратен крај бреговите на Сирија “Адмирал Кузнецов” нема да стане пресвртница во сириската кампања или во опсадата на Алепо, смета аналитичарот Андреј Сушенцов, цитиран во весникот.
“Тоа е проверка за бродот, за можностите во борбени услови”, вели набљудувачот.
Според него походот на на носачот на авиони цели да се демонстрира на САД политичката независност на руската влада.
“Оваа демонстрација на сила ги постигна своите цели многу поуспешно од сите усни пораки во последниве години”, резимира експертот.
“Новаја газета” тврди дека во Медитеранот “Адмирал Кузнецов” е бескорисен – според весникот, бродот е премногу бавен и не би можел воопшто да влијае ситуацијата со блокадата и евентуалниот напад на Алепо.
“Походот на руската ескадрила кон бреговите на Сирија значи дека (рускиот) Генералшат не очекува светска војна, но чека додаток на буџетот”, посочува опозициското издание, цитирано од БиБиСи.