690
Состојки:
Фил:
– 300 гр спанаќ
– 150 гр кашкавал
– 150 гр фета сирење
– 3 лажици кисела павлака
– сол, бибер
За поховање:
– 1 чаша брашно
– 1 шолја презла
– 2 јајца
– масло за пржење
Подготовка:
Направете класични палачинки.
Измијте го спанаќот и сварете го во солена вода. По три минути исцедете го и префрлете го во ладна вода. Откако ќе се излади спанаќот, ситно исечкајте го.
Измешајте рендан кашкавал и фета сирење, па соединете со павлаката. Зачинете ја смесата по желба. Внимавајте да не додадете премногу сол бидејќи фета сирењето е солено.
Во секоја палачинка се става по една лажица фил, се завиткува, се валка во брашно, јајце и презла и се пржи од двете страни на врело масло додека не порумени.
Послужете со сос од павлака и лук или по желба.