Состојки:
– 2 парчиња пилешки стек
– 100 гр шунка
– 400 гр моцарела
– 200 гр брашно
– 1/2 лажичка сол, бибер
– 2 јајца
– 250 гр презла
– масло
Подготовка:
На двете парчиња бело месо направете процепи по должина (не сечете до крај). Потоа пополнете ги тие делови со моцарела и шунка кои сте ги исечкале.
Во три чинии прелијте ги брашното, јајцата и презлата. Зачинете го брашното со сол и бибер, па пилешкото потопете го во брашното, па во јајцата и на крај во презлата.
Ставете го пилешкото во мал плех обложен со хартија за печење и ставете го во замрзнувач четири часа.
После тоа добро загрејте го маслото и пржете го месото пет минути. Внимавајте шунката и моцарелата да не излезат од отворот.
Кога ќе го испржите месото, повторно ставете го во плех обложен со хартија за печење и печете го во рерна 20 минути на 200 степени.
Послужете со сезонска салата.