ПОИНАКОВ ОД ОСТАНАТИТЕ: Пронајден нов вид Ковид-19, наречен B.1.640

од Nikola Popovski
338 прегледи

Нов вид на Ковид-19 со изразени промени во протеинот од шилци е откриен во северозападниот француски регион Бретања, јавуваат локалните медиуми.

Новиот сој наводно бил откриен кај луѓе кои се заразиле со вирусот во средината на октомври.

Во Франција се заразени вкупно 24 лица, од кои осумнаесет деца кои одат во исто училиште и шест возрасни кои имале контакт со нив, јавуваат француските медиуми.

Сепак, новиот вид е различен од сите досега познати варијанти на Ковид-19, па на научниците им требало долго време да го идентификуваат.

„Анализата на овој вид не соодветствува со ништо претходно познато. Овој вид не наликува на профилот на распространетата делта варијанта, ниту на профилот на другите соеви на Ковид-19“, изјави за медиумите претставник на француската регионална здравствена агенција. .

На варијантата наречена B.1.640 наводно и недостига дел од „спајк“ протеинот. Овој протеин обично се користи од вирусот за да влезе во човечките клетки и да ја шири инфекцијата низ телото. Не е јасно дали оваа мутација го прави вирусот повеќе или помалку заразен.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) го додаде новиот вид на својата листа на „контролирани варијанти“ на 11-ти ноември.

Властите во Бретања соопштија дека успешно ги следеле сите заразени со оваа варијанта, додавајќи дека последниот пријавен случај бил откриен на 26 октомври.

Француската регионална здравствена агенција за „Le Telegram“ изјави дека нејзиното истражување покажува дека „вирусот е увезен од странство“.

Според некои медиуми, жител на Нант кој патувал низ Африка го донел новиот вид во Франција.

Слични содржини