Поинтензивна соработка меѓу Прилеп и институции од Унгарија

од desk4
79 прегледи

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски и почесниот конзул на Унгарија во Македонија, Сашо Јанакиевски денеска разговараа за интензивирање на соработката меѓу Прилеп и владини унгарски институции и за имплементацијата на проекти од екологијата и заштитата на животната средина.

На средбата, прилепскиот градоначалник го запозна почесниот конзул со главните проекти коишто општината ќе ги реализира годинава, а се од прироритетно значење за граѓаните.