Појадокот е најважен оброк во денот. Иако многумина мислат дека е најздраво да се јадат житарки, јајцата се идеален појадок кој има бројни здравствени придобивки.
Истражувањата покажаа дека помагаат во заштитата на срцето. Студијата, објавена од „eLife“, во која учествувале 4.778 испитаници на возраст од 30 до 79 години, спроведе истражување за консумацијата на јајца.
Анализата утврдила дека 1.377 од нив никогаш немале кардиоваскуларни заболувања, додека 3.401 од нив имале. Потоа беше испитувано прашањето колку често јаделе јајца, како и друга храна како месо и зеленчук.
Кога авторите ја погледнале крвта на учесниците, откриле дека оние кои редовно јаделе јајца имаат повеќе аполипопротеин А1 во нивните системи, што може да доведе до формирање на липопротеински молекули со висока густина, што помага да се спречи срцев удар и мозочен удар.