Појадокот на Шерон Стоун е вистинска бизарност: Актерката ја откри исхраната заслужна за нејзиниот изглед

од Stefanija Kuzmanovska
386 прегледи

Покрај феноменалните актерски улоги, Шерон Стоун ја воодушевува публиката со својот беспрекорен изглед и на 66-годишна возраст.

Холивудската актерка Шерон Стоун во текот на животот доживеала сериозни здравствени проблеми – мозочен удар на 43-годишна возраст, по што поминала уште две години во опоравување.

Сега со напорна работа и голем труд се грижи за своето здравје, а тајната на својата манекенска линија ја откри за странските медиуми.

Имено, актерката редовно конзумира храна како леќа и киноа, а токму оваа храна дава бројни здравствени придобивки – се намалува ризикот од дијабетес.

Шерон откри дека никогаш не го прескокнува појадокот:

„Мојот омилен појадок е свежа, сечкана лубеница со фета сирење и нане, маслиново масло, сол и црн пипер. После тоа, обично јадам парче тост без глутен и пијам билен чај“.

Актерката има урамнотежена исхрана која вклучува големи количини на немастено месо, како пилешки или мисиркини гради.

Исто така, Шерон има правило за осум часа сон, но и редовно пливање.

И еве ја нејзината омилена вежба.

„Мислам дека чучњевите се многу важни. Ако ги правите секој ден, тоа ќе се одрази на целото ваше тело“, заклучила таа.

Слични содржини