Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Според Автомото сојузот на Македонија, намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патните правци Скопје – Куманово, Скопје – Велес, Велес – Неготино, Неготино – Д.Капија и Делчево – Македонска Каменица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.