„Покачување од 100 до 200 денари“: КСС бара од пратениците да не го гласаат Законот за административни службеници

од Берта Китинска
494 прегледи

Вчера дознавме дека Законот за административни службеници онака како што сакаат да го донесат, на еден понижувачки начин, е поднесен по скратена постапка во Собранието. Тој закон не носи ништо добро, само по 100 до 200 денари покачување на платите на вработените во јавниот сектор и со тоа продолжува манипулацијата, а кажавме дека решението е едноставно – тоа е членот 88 од сегашниот Закон, истакна претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.

КСС дава поддршка на Синдикатот на УПОЗ, кој утре и задутре организира двочасовен прекин на работата во управата и правосудството, но, како што вели Ралповски, не знаат дали членството да го повикаат на протест или штрајк.

– Го поддржуваме штрајкот на УПОЗ, но мораме да кажеме дека уште кога беше најавен, испративме допис до нив во кој ги поддржуваме заради обединување на работниците и заради истата цел – платите на вработените во јавниот сектор. Тоа беше на 1 април, но не добивме одговор. Вчера повторно испративме допис до Синдикатот на УПОЗ и побаравме да седнеме заеднички и да ни кажат дали е тоа протест или штрајк затоа што се одвива во работно време. Добивме одговор од една реченица – со оглед дека имале големи обврски дека не можат да се состанат со нас и дека не повикуваат на 7 и 8 април. За што да го повикаме, за кое барање? Дали на протест или на штрајк? Нека се изјаснат, рече Ралповски.

Слични содржини