За помалку од два месеци од нејзиното пуштање Pokemon Go стана најуспешната мобилна игра во историјата. Според аналитичката фирма SuperData играта помогнала во целиот сегмент фирмата да ги зголеми приходите со 16% и да овозможи раст на компјутерските игри и гем конзоли, соопштува интернет изданието Venture Beat.

Растот на приходите од мобилни игри е 16%, додека оној кај конзолите е 11%. Вкупно продажбата на секакви видео игри во јули 2016 година се зголемиле за 10% на годишна основа и достигна 5,9 милијарди долари.
Покрај тоа Pokemon Go веќе е најабараната мобилна игра, но и најдоходовната. Таа е на прво место во секоја земја во која се нуди.
Иако Nintendo нема учество во играта и има само дел од брендот Pokemon, компанијата сепак извлекува придобивки од популарноста . Продажбата на конзолата 3DS се зголемила за 50%, а Pokemon Go е речиси со двојно поголема продажба на другите игри од серијата.
Според аналитичарите од Axiom Capital Management сепак растот на Pokemon Go ќе биде краток. Бројот на активни корисници во август почна да се намалува и од 45 милиони веќе е околу 30 милиони луѓе. Паѓа и времето кое корисниците го поминуваат во играта. Сеуште е рано да се каже кога бројот на играчите ќе се стабилизира и ќе покаже колку на луѓето реално им се допаѓаиграта, а не само ја пробуваат додека има голем интерес за неа.